Влада на Заев ќе значи дополнително тонење на економијата и распламтување на здравствената криза, нешта со кои тој и СДСМ покажаа дека ниту знаат ниту можат да се справат, реагираат од партијата на интервјуот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за А1он, во кое вели дека Христијан Мицкоски е аутсајдер и најавува составување на нова влада во август.
-Блескањето на Заев ја урниса Македонија, па сме доведени во ситуација државата да нема пари после септември. На тоа мора да се стави крај.Заев е последниот остаток од транзицијата кој мора да биде поразен, затоа што со таков политичар Македонија нема европска иднина, затоа што истиот е антипод на европските вредности. Покажа во овие три години дека ниту економски успеси немаше, немаше ниту правда, немаше ниту борба против криминалот, туку напротив беше носител на сите порази, неуспеси на Македонија и на крајот на краиштата беше синоним за корупцијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.