Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вечерва имаше онлајн средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
– На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности, информираа вечерва од Владата.
Премиерот Заев се заблагодарил за охрабрувањето кое, како што се вели во соопштението, секогаш е добредојдено и важно, посебно кога се работи за реализацијата на клучните стратешки државни цели.
– Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата, посветени сме на заштитата на јавното здравје. Нашите искрени политики на дијалог ги покажуваат европските вредности што ги застапуваме и веруваме дека тие ќе овозможат натамошен развој на земјата, истакнал премиерот Заев.