Влада: Лажни се пораките во кои Заев наводно разговара со разочаран партиски член

by fokus

Канцеларијата на премиерот, Зоран Заев категорично ја отфрла како неточна и конструирана наводната преписка на електронски канал за комуникација која се прикажува како наводно да била водена меѓу премиерот и измислен „разочаран член на владејачката партија“, објави ТВ21.

„Категорично тврдиме дека се работи за лажна вест, конструирана содржина, графичка манипулација која единствено има за цел да шири лаги и со тоа да наштети на угледот на премиерот Заев. Најостро ја осудуваме оваа постапка со која се погазени принципите на професионалното новинарство и медиумот кој ја злоупотреби својата улогата со објавување на оваа невистина“, велат од Владата.

Оваа содржина најпрво ја објави еден портал, а потоа истата и ВМРО-ДПМНЕ ја презентираше на прес-конференција преку портпаролот Димче Арсовски. Од Владата побараа само извинување од порталот, но засега нема реакција за обвинувањата од опозициската партија.

Поврзани новости