Влада: Ланскиот раст на БДП ги надмина проекциите, вработеноста се искачи на рекордни 48 отсто

by Фокус

Вкупниот раст на домашниот бруто-производ за 2019 година изнесува 3,6 отсто што ја надминува проектираната стапка од 3,5 отсто. Од Владата денеска посочија дека реализацијата ја надминала не само корегираната владината проекција, туку и проекциите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка.

-Додека тие ја намалуваа проекцијата за раст на глобалната економија, ја зголемуваа проекцијата за раст на македонската економија. Уште еден податок кој е многу илустративен за растот на БДП на нашата земја говори и фактот дека Северна Македонија е на осмо место по раст на табелата од 38 земји од Европската Унија и регионот, и тоа пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на Унијата – изјави премиерот Оливер Спасовски.

Тој додаде дека растот на економија оди во корелација со намалувањето на невработеноста, која како, што рече Спасовски, е на историски најниско ниво од 16,6 отсто, додека вработеноста е на највисоко ниво досега од 47,9 отсто.

Поврзани новости