Влада: Кафеаните ќе работат до 21 часот

by fokus

Премиерот Зоран Заев објави дека Владата на денешната седница донела одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, напиша премиерот Заев.

Поврзани новости