434
Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, велат во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.
Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.
Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.
Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.
На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, се вели во соопштението.