343
АД ЕСМ вчера произведе 18.491 мегават час електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 10.944, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 7.547 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, нагласуваат од Владата