1.1K
По шест месеци пауза поради корона кризата, на 9 септември се отвораат градинките. Владата на првата седница од нејзиното формирање, ја разгледа и усвои информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември 2020 година, а до тогаш градинките се должни да се подготват за работа.
-Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопштуваат од Владата.
Во јавноста се шпекулираше со многу датуми за отворање на градинките, но оваа одлука на Владата би требало да биде конечна.