Влада: АД ЕСМ произведе 15.093 MWh електрична енергија

by Fokus

АД ЕСМ вчера (17 декември) произведe 15.093 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопшти владината прес-служба.

Во термоелектраните произведени се 13.272 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.821 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустријаи објекти од виталната инфраструктура во државата, се посочува во соопштението од Владата.

Поврзани новости