Вкупно 791 пациент заразен од Ковид 19 немале никакви симптоми

by Fokus

Од вкупно 2.492 заболени од опасниот корона вирус, 791 воопшто немале никакви симптоми покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во кои не се објавени само денешните податоци.

Од нив, 592 или 74,8 отсто имале контакт со веќе потврден случај во државата. Од тука може да се заклучи дека овие 791 пациент, кои немале никакви симптоми можеле слободно да се движат и да ја шират заразата, без да знаат за тоа.

Во извештајот уште се наведува дека регистрирани се 273 случаи на заболување меѓу здравствените работници.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

И.М.

 

 

Поврзани новости