Вкупно 68.944 асимптоматски случаи со ковид

by Fokus
Досега се регистрирани 68.944 асимптоматски случаи, поточно граѓани кои биле заразени, а немале симптоми, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела (n=11.910). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5% Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Заразени се сите возрасни групи.  Најзастапени се лицата на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).
И.М.

Поврзани новости