Вкупно 62.107 се без симптоми на ковид 19

by Fokus

Дури 62.107 лица досега се регистрирани како асимптоматски случаи, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според последните податоци, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево (1.152,4/100.000) и во Битола (1.035,5/100.000)

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до девет години. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години со раст од 99,6% и оние од 50 до 59 со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела.

 

Минимално намалување на бројот на заболени има кај возрасните групи од 20-29 години (-4,3%) и од 10-19 години (-2,5%)“, се наведува во извештајот.

Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови, за 34,1% повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и од возрасната група над 60 години.

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

И.М.

Поврзани новости