493
Дваесет и пет прилепчани биле затекнати од полицијата како се шетаат за време на полицискиот час. Токму затоа, Основното јавно обвинителство бара да бидат парично казнети.
„За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.4.2020 до 28.4.2020 година, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози до основните судови во Прилеп и Крушево заради непочитување на мерките на Владата за спречување на ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час“, велат од обвинителството во Прилеп.
За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност, или вкупно треба да платат 50.000 евра.