Вкупно 405 пациенти се хоспитализирани од Ковид 19, од кои 144 се во ГОБ „8 септември“

by Fokus

Вкупно 405 пациенти заразени со Ковид 19 се хоспитализирани низ инфективните одееленија во земјава. Најмногу од нив, дури 144 се во Градската болница „8 септември.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

И.М.

Поврзани новости