Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, така што вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
„ Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 14 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациент“, наведоа од МЗ.
Ни цела држава, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти.