„Во текот на вчерашниот ден, недела, 25.08.2024 година, имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 3 и изгаснати се 15.
АКТИВНИ: 2
1. Општина Чашка: место викано Котева Круша атар на с. Оморани префрлен од планина Мукос (мешана шума);
2. Општина Македонски Брод: с. Грешница кај резервоарите од селски водовод (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с. Вирово (ниска вегетација и сува трева).
2. Општина Кичево: с. Цер кон с. Старец (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување)
3. Општина Охрид и општина Ресен: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (тлеат трупци од претходниот пожар), с.Стење и с. Лескоец, Општина Ресен (трева и лисна постелка во дабова шума;
ИЗГАСНАТИ: 15
1.Општина Ресен: с. Раица (сува трева и грмушки)
2. Општина Боговиње: Во близина на Нептун Петрол Мотел (сува трева и стриште)
3.Општина Липково: с.Ваксинце (ниска вегетација)
4.Општина Старо Нагоричане: Маало Беле Грамаде кај гробиштата (ниска вегетација)
5.Општина Крива Паланка: с. Конопница (ѓубриште)
6. Општина Македонски Брод: м.в Стојанова населба во с. Слатина ( сува трева и стрниште)
7. Општина Сарај 1: с. Буковиќ (сува трева и ѓубре)
8. Општина Сарај 2: с. Свиларе (сува трева и грмушки)
9. Општина Чаир: бул. Македонски Косовска Бригада (сува трева и ѓубриште)
10.Општина Шуто Оризари: ул. Македонски Косовска Бригада (ѓубре)
11. Општина Арачиново: с. Арачиново (депонија)
12. Општина Прилеп 1: Кај Алфа Ауто (сува трева)
13.Општина Прилеп 2: Кај Алфа Омега (сува трева)
14. Општина Долнени: с. Житоше (сува трева и нискостеблеста шума)
15. Општина Брвеница: с. Волковија (сува трева)“, информираат од ЦУК.