Вкупно 129 пациенти заразени од корона се на болничко лекување, од кои 5 се на респиратор

by Fokus

Вкупно 129 пациенти заразени од Ковид 19 се хоспитализирани во инфективните одделенија низ земјава, од кои пет се на респиратот, информираа од министерството за здравство.

Според податоците, на скопската Клиниката за инфективни болести во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

И.М.

Поврзани новости