Вкупно 118 пациенти заразени од Ковид 19 се хоспитализирани, од кои 6 се на респиратор

by Fokus

Вкупно 118 пациенти се хоспитализирани во инфективните одделенија низ земјава, информираа од министерството за здравство.

На скопската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Поврзани новости