Вкупниот долг во јавното здравство веројатно надминува 100 милиони евра, долг кој е настанат заради несоодветното буџетирање во изминатиот период, буџетот е едвај доволен за покривање на платите, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, при денешната посета на ЈЗУ „Општа болница Струмица“.
– Значи, речиси 80 отсто од буџетот оди за плати и за функциите останува многу малку, тоа се долгови за лаборатории, за кујна, за технички работи и друго. Поради таа состојба и еден од битните апарати-компјутерската томографија веќе од март месец е надвор од функција, бидејќи апаратот е дотраен и не се обновува, а опслужува едно широко подрачје. Само во Струмица се над 100 илјади осигуреници, а оваа болница опслужува многу повеќе од тоа – рече Клековски.