Приштина има докази дека српскиот претседател Александар Вучиќ го организирал и наредил нападот во Бањска на 24 септември, изјави косовската претседателка Вјоса Османи.
Во интервју за арапската телевизија „Ал Аан“, таа дури изјави дека овие „докази“ наводно биле потврдени од „бројни сојузници и партнери“ на Приштина, но дека земјите од НАТО треба да одлучат дали и кога ќе ги објават.
Османи го обвини и официјален Белград дека наводно „континуирано обучува, вооружува и финансира терористички групи заради потенцијални напади“.
Османи рече и дека Косово е целосно посветено на дијалогот, но дека Србија не е.
„Србија нема да го признае Косово и да ги спроведе договорените договори, тоа покажува дека тие не се за дијалог, а со нападот на Косово на 24 септември покажаа и дека се склони кон насилство, што е жално, бидејќи дијалогот е единствениот начин да се постигне долгорочен мир во нашиот регион“ – посочи Османи.
Иако Белград вели дека нема да го признае Косово, Османи самоуверено вели – „еден ден. Се надевам порано, не подоцна“.
„Независноста на Косово е неповратна реалност“, заклучи Османи.