Вјоса Османи е избрана за претседател на Косово

by Fokus

Собранието на Косово вечерва избра претседател на државата.

Со 71 глас „За“ и 11 воздржани, Вјоса Османи беше избрана за нова претседателка во Косово со 5-годишен мандат.

Османи за нов шеф на државата беше предложена од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

-Констатирам дека Собранието на Република Косово ја избра г-ѓа Вјоса Османи-Садриу за претседател,  рече Глаук Коњуфца, претседател на Собранието.

 

Поврзани новости