Авиокомпанијата „Визер“ е во процес на суспензија на околу 50 авиолинии од земјите од поранешна Југославија, објави специјализираниот портал Екс-Ју Авијација, посочувајќи дека најголем број од нив ќе бидат од Скопје, Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.
Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона.
„Визер“ планира да обнови некои линии во ноември и декември, но засега можноста и за тоа е мала и најверојатно тоа ќе биде оставено за крајот на март, кога почнува летната сезона.
„Визер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, како Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.
Според авиокомпанијата, овој октомври авиокомпанијата лета со само 50 проценти од своите капацитети и не планира работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Компанијата објави дека се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.
Екс -Ју Авијација објави листа на летови кои „Визер“ планира да ги обнови во следниот период:
Skopje – Salzburg MAR 29
Skopje – Charleroi DEC 5
Skopje – Larnaca MAR 28
Skopje – Copenhagen NOV 1
Skopje – Beauvais DEC 5
Skopje – Bremen MAR 28
Skopje – Hanover MAR 29
Skopje – Baden Baden DEC 5
Skopje – Nuremberg OCT 25
Skopje – Budapest DEC 4
Skopje – Milan DEC 5
Skopje – Rome DEC 6
Skopje – Venice DEC 6
Skopje – Malta DEC 5
Skopje – Sandefjord MAR 29
Skopje – Bratislava DEC 4
Skopje – Barcelona MAR 28
Skopje – Stockholm Skavsta MAR 28
Skopje – Vaxjo MAR 28
Ohrid – Vienna DEC 5
Ohrid – Basel NOV 10
Ohrid – Dortmund DEC 5
Ohrid – Memmingen MAR 29
Ohrid – Milan MAR 28
Ohrid – Malmo DEC 4
Ohrid – London Luton DEC 7