428
Поради новиот бран на коронавирус и зголемениот број на случаи меѓу персоналот, „Визер“ привремено суспендира линии кон неколку дестинации од земјите на поранешната Југославија.
Со одлуката на нискобуџетната авиокомпанија се опфатени и двата македонски аеродрома.
До 2 септември се откажани сите летови на „Визер“ од Дортмунд до Охрид, а летовите кон Гетеборг, Келн, Берлин и Фридрихсхафен од Меѓународниот аеродром во Скопје ќе се реализираат со намален обем, пренесува специјализираниот портал www.exyuavition.com.