483
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, попладне ќе оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во кабинетот на претседателот во вилата „Водно“.
На средбатa, вицепремиерот Османи и претставници на Секретаријатот за европски прашања, како што е најавено, ќе ги презентираат пред претседателот Иванов активностите за забрзување на еворинтеграцијата на Македонија, содржани во владиниот План 3-6-9.