Вицепремиерот на Обединетото Кралство, Доминик Рааб денеска поднесе оставка по истрагата за жалбите дека малтретирал државни службеници.
Рааб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата.
Сунак започна петмесечна истрага за бројни поплаки за однесувањето на Раб (49).
Тој ги негираше обвинувањата дека се однесувал недолично кон колегите и рече дека „се однесувал професионално во секое време“.
„Јас самиот ја побарав таа истрага и се обврзав да поднесам оставка доколку се утврди дека имало насилничко однесување, без разлика на се. Важно е да си го одржам зборот“, напиша тој.
Истрагата беше покрената откако беа поднесени осум поплаки за неговото однесување додека беше министер за надворешни работи, министер за Брегзит и конечно министер за правда.
Рааб во писмото го оправдува својот однос кон службениците, велејќи дека министерот има право да бара одговорност од своите соработници за нивната работа, пишува Би-би-си.
Тој додава дека мноштвото коментари покажале како се развила дебатата за тоа дали Доминик Рааб е едноставно крут и напорен шеф или дали неговото однесување ја преминало границата во доменот на малтретирањето.
„Со спуштање на границата толку ниско за однесување кое се смета за навредливо, тоа поставува опасен преседан“, напиша Рааб.