Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, на дваесетти месецов потпишал 154 решенија за вработување на млади референти во неговиот сектор, објави порталот на албански јазик aktuele.mk. Во прилог на ова е објавено и решението на кое се гледа потписот на вицепремиерот Џафери, како и имињата на сите примени кандидати. Овие документи се објавени на официјалната страница на Агенцијата за администрација.
Повеќето од вработените ќе имаат статус на државен службеник, а од нив се барало да имаат завршено средно или вишо образование. Избран е и еден самостоен референт за стратегија, планирање и следење на работите во Секретеријатот за спроведување на Рамковниот договор.
Според одлуката потпишана од вицепремиерот Џафери, избраните кандидати ќе бидат вработени на пробна работа на посочените работни места.