325
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска и утре ќе ја предводи делегацијата која е во работна посета на Италија.
Како што информира владината прес-служба, целта на посетата е промоцијата на првата македонско-италијанска стопанска комора, Апи Нордест.
За време на посетата вицепремиерот Битиќи ќе оствари работни средби со Виторио Запалорто, префектот на Венеција, Елиса де Берти, претседател на регионот Венето, Ермелинда Дамиано, претседател на советот на Метрополата Венеција, како и со Унијата на стопански комори на Италија.