1K
Легендарниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко денеска објави дека ја замрзнува функцијата и оди на фронт против руската армија.
-Немам друг избор, морам тоа да го направам. Ќе се борам. Верувам во Украина, верувам во својата држава, во својот народ. Украинскиот народ е силен и ќе остане верен на себе во ова страшно искушение. Ние сме народ кој живее за суверенитет и мир, народ кој го смета рускиот народ за свои браќа, рече Кличко.
На фронт оди и неговиот брат Владимир, а двајцата уште од почетокот на годинава се пријавија во војска како дел од територијалната одбрана на Киев.