Вистински пица деликатес

by Фокус

Богата пица со состојки која се прави многу брзо. Резултатот е вистински деликатес за ручек и презадоволни домашни или гости 🙂

Еве што ви е потребно:

1 готово тесто за пица

100 гр рикота

100 гр сув врат Пекабеско

100 гр рукола

маслиново масло

шери домат за декорација

Начин на подготовка:

Готовото тесто за пица го премачкуваме со маслиново масло.

Го ставаме во претходно загреана рерна да омекне и малку да се запече.

Потоа тестото го вадиме од рерна, го премачкуваме со рикотата и ја нанесуваме Пекабеско сувата печеница исецкана на многу тенки парчиња. Како замена за рикотата можете да искористите неутрална урда или сирење.

Печеме 10 минути на 180 степени. По десет минути ја додаваме и свежата рукола и повторно ја допекуваме пицата уште 3-5 минути.

Декорираме со шери домат исечен на 4 дела.

receptb

Штом ја направите оваа пица деликатес, сите ќе ви го бараат рецептот 🙂 На здравје!

Поврзани новости