1.1K
Вие новинарите не сте повикани да чепкате од каде доаѓаат парите за телевизијата, рече владиката Петар во вечерашното гостување на телевизија Телма.
-А ако вие се плашите дека ќе ви бидеме конкуренција, тоа е ваш проблем, не е мој проблем – одговори тој на прашање на новинарката негирајќи дека телевизијата ќе се финансира преку перење пари од „некоја држава или институција“.
Тој откри дека телевизијата ќе се вика „Вис-тел“ или вистинска телевизија.
-Сакаме да ја афирмираме нашата држава, нашето богатство, нашата култура. Нема да се занесуваме некого да плукаме, како што некои плукаат на нас. Нашата цел е вистината да стигне до секого – рече тој.