Новото лого на брендот: новиот амблем на решетката на PEUGEOT 308 претставува комбинација од најновите технологии и инспирацијата на дизајнерите на Брендот. Не само што го дефинира изгледот на најновиот модел на PEUGEOT; туку истовремено го содржи и радарот кој ги пренесува информациите до процесорите во неговиот арсенал на системи за помош при возење. Тајната? Аблемот на PEUGEOT има тенок слој од индиум, редок суперспроводлив метал кој не се меша со радарските бранови и има хромиран изглед, како и висока отпорност на корозија.
Новиот PEUGEOT 308 е првото возило во гамата со новото лого на Брендот, претставено во февруари 2021 година, поставено на предната решетка. Оваа нова генерација на амблемот е нагласена со дизајнот и моделот на решетката, опремена со различни хромирани елементи кои се спојуваат кон нејзиниот центар. Комбинацијата на решетката и логото го дефинира новото лице, а притоа ја потврдува личноста и карактерот на 308 и, генерално, ја изразува стратегијата на Брендот да биде лидер на пазарот.
ДИЗАЈНИРАЊЕ НА НОВИОТ АМБЛЕМ КАЈ 308
Кај новиот 308, новиот амблем на PEUGEOT доаѓа во две верзии, идентични по изглед, но технички различни. Едната се наоѓа на верзиите Active Pack, а другата, иновативна, е специфична за верзиите Allure и GT опремени со радар за помош при возење.
За системите за помош при возење да работат совршено, брановите што ги емитува радарот не смеат да се нарушуваат. Затоа, дизајнот на логото пред радарот е целосно преиспитан од инженерите на PEUGEOT, земајќи во предвид две ограничувања:
· Дебелината на површината мора да биде константна
· Компонентите не смеат да содржат метални честички
Новиот амблем се изработува во неколку фази:
· Прво се произведува мазна предна плоча со постојана дебелина во инјектираниот поликарбонат.
· Потоа се произведува задна плоча во индиум. Оваа ретка легура се користи специјално за верзијата на амблемот на моделите опремени со радар, бидејќи е единствениот материјал што ги задоволува техничките и визуелните потреби: има природен изглед на хром и својства кои не ги попречуваат радарските бранови.
· Ласерско гравирање: за да се појави лавот на новото лого на PEUGEOT, површината од индиум е ласерски стружена за да се открие лавот низ поликарбонатот.
· Црна боја: се нанесува на задниот дел од грбот и ја формира позадината на логото.
· На предната површина се нанесува заштитен лак: за заштита од надворешни елементи (удари, сонце, температурни промени…) се нанесува заштитен лак на предната површина на логото.
· Прикачување: амблемот потоа се залепува на техничкиот дел за прицврстување, кој потоа се прицврстува и се навртува на решетката.
Овој производствен процес е новитет за брендот PEUGEOT.
КОИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ СЕ СКРИЕНИ ЗАД НОВИОТ АМБЛЕМ?
Радарот е заштитен со новиот амблем на PEUGEOT и овозможува пристап до најновата генерација на системи за помош при возење:
· Адаптивен темопомат со функцијата Stop and Go – во комбинација со автоматскиот менувач EAT8 – со прилагодливо поставување на растојание меѓу возилата,
· Адаптивен темпомат со функција од 30 km/h – во комбинација со мануелен менувач – со прилагодливо поставување на растојание меѓу возилата,
· Автоматско сопирање при итни ситуации, кое детектира пешаци и велосипедисти дење и ноќе од 7 km/h до 140 km/h во зависност од верзијата и го предупредува возачот во случај на судир.
Во 2022 година, овој радар ќе се користи и за новиот пакет Drive Assist 2.0, кој прави уште еден чекор кон полуавтономно возење. Кај верзиите со автоматски менувач EAT8, комбинира адаптивен темпомат со функцијата Stop and Go со помош за задржување лента. Покрај тоа, оваа нова верзија на Drive Assist додава две нови функции достапни на двојни коловози:
· Полуавтоматска промена на лента: од 70 km/h до 180 km/h, на возачот му нуди можност да го престигне возилото пред него, а потоа да се врати назад.
· Препорака за предвидена брзина: системот му предлага на возачот да ја прилагоди својата брзина (забрзување или забавување) според знаците за ограничување на брзината.
ПР текст