Високо ниво на канцероген акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка кој патувал од Србија, објавено е на веб-страницата на Европската комисија на 2 август.
Земја којашто пријавила е Хрватска, каде што е уништен, стои на веб-страницата на европскиот систем за рано предупредување.
Како што објавија некои медиуми, Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.
Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.
Во соопштението на Министерството за земјоделство, се наведува дека по добиеното известување RASFF за зголемено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонредна контрола на погонот за производството на спорниот производ.
„Контролата е во тек и по добивањето на резултатите од анализите ќе објавиме подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција“, велат од Министерството.