Високите температури привлекоа капачи во Дубровник

by Фокус

Во Дубровник денеска беше соборен јануарскиот температурен рекорд. Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот температурата во Горица е измерена на 19,3 степени Целзиусови.

Тоа е највисоката температура измерена во Хрватска во 14 часот, а воедно и највисоката јануарска температура во Дубровник од почетокот на мерењата воопшто.

Поради тоа, многумина го искористија овој нетипичен јануарски ден да одат на плажа.

 

Поврзани новости