Висока смртност во Битола од аерозагадувањето

by Fokus

Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето, изјави професорот д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје на меѓународна конференција во Битола.

Според Ѓоргев, потребни се конкретни мерки затоа што новите препораки за заштита од аерозагадување на Светската здравствена организација се построги.

-Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето. Тоа значи 15 отсто надминување на лимитот кој го дава Светската здравствена организација-СЗО, додека нешто помал е лимитот што се надминува утврден од Европската унија. Мерењето на овие проценти се врши затоа што тоа се случаи кои може да се спречат. Со акции можеме да спасиме животи и затоа потребна е мотивација за еко акции кои не треба да ги организираат само политичарите, туку и граѓаните, стопанските објекти, интерскторско организирање на акции кои ги има во планот на овој проект, треба да се знае дека новите препораки на СЗО се уште построги и затоа аерозагадувањето треба да биде приоритет број еден што треба да се решава, без оглед на други проблеми во заедницата, посочи Ѓоргиев.

Поврзани новости