611
Ракометната репрезентација на Македонија со три порази на три меча го заврши Европското првенство (ЕП). По поразите од Црна Гора и Словенија, нашиот национален тим загуби и од селекцијата на Данска (21-31) во рамки на групната фаза на континенталниот собир.
За прв пат во досегашните седум учества на Европските првенства, ракометарите настапите на континенталниот собир ги завршија со три порази и без ниту еден освоен бод. Досега само на првото учество на ЕП во 1998 година (едно реми) и во 2016 година (две ремија), Македонија не остварила победа.