Висок функционер на Хутите до САД и Британија: Повлечете се од Црвеното Море!

by Fokus

Мухамед Али ал-Хути, шеф на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, ги повика Американците и Британците „да се вратат во својата земја“ и да се фокусираат на решавање на проблемот со расизмот, а не на заштита на израелските бродови.

Ал Хути, во говорот на големиот протест во јеменската престолнина Сана, ги критикуваше САД и Велика Британија за нивната „агресија“ и изведување воздушни напади.

Тој, исто така, ги советуваше овие западни земји да го послушаат неодамнешното предупредување од лидерот на движењето Хути, Абдул-Малик ал-Хути, кој рече дека секој напад врз Јемен ќе наиде на силен одговор.

– Ние не го нападнавме американскиот брег, не стигнавме до брегот на Флорида и не ги нападнавме американските острови. Вие сте нацисти и вашите напади врз нашата земја се терористички чин – им порача Ал Хути на американските и британските власти, негирајќи ги наводите на Вашингтон дека нападите биле извршени во самоодбрана.

Ал-Хути дополнително ги критикуваше Американците дека ја загрозуваат безбедноста на пловидбата и активно работат на зголемување на цените на поморското осигурување.

Тој ја означи Америка како непријател на народот, опишувајќи ја како извор на тероризмот.

Голем број луѓе се собраа денеска во главниот град на Јемен, држејќи палестински знамиња и протестираа откако САД и Велика Британија започнаа воздушни напади врз цели на Хутите во земјата.

Демонстрантите извикуваа „Бог е голем, смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство за Евреите, победа за исламот“.

Поврзани новости