Високо ниво на аерозагадување утрово во Скопје: 10-ти најзагаден град во светот

by Fokus

Утрово Скопје се најде на 10-то место според загаденост на воздухот во светот.

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место денеска се спушти на второто, по главниот град на Пакистан – Лахоре, покажува специјализираната интернет-страница Iqair.com, која прибира податоци од целиот свет.

Граѓаните утрово дишат загаден воздух. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување – концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Дозволената концентрација во воздухот на овие честички е 50 микрограми на метар кубен.

Поврзани новости