Вишото јавно обвинителство на денешната јавна седница во Апелацискиот суд за случајот „27 април“, се согласи со единствената ослободителна пресуда во случајот за Игор Дурловски, за разлика од жалбата која беше поднесена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со кое раководи Вилма Русковска.Но, побара да се да се одбијат и жалбите на одбраната за 16-те лица кои беа судени на вкупно 211 години затвор.
-Во однос на фактичката состојба која произлегува од бројни материјални и вербални докази изведени на главната расправа, првостепениот суд правилно оценил дека кај обвинетите постои умисла за дејствијата кои ги презеле и дека станува збор за добро осмислени, организирани и синхронизирани дејствија во кои што секој од обвинетите имал однапред одредени улоги и задачи.
Во однос на жалбата од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за ослободителниот дел од наведената пресуда за обвинетиот Игор Дурловски, Вишото јавно обвинителство Скопје во својот предлог се произнесе дека повисокиот суд треба да ја одбие како неоснована. Имено, првостепениот суд правилно ги утврдил фактите во предметот и во пресудата образложил дека за овој обвинет не е докажано надвор од разумно сомневање дека го извршил наведеното кривично дело, соопштуваат од Обвинителството.