Вишото обвинителство бара повисоки казни за обвинетите во „Транспортер“

by fokus

Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот „Транспортер“, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција​.

Во соопштението се наведува дека истовремено Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Жалба на донесената пресуда за обвинетите, барајќи од надлежниот суд на лицата на кои им е изречена ефективна казна затвор да им изрече повисоки казни, а на оние обвинети на кои со пресудата им се изречени алтернативни мерки, односно условни осуди, надлежниот суд да им изрече соодветни затворски казни. Воедно, обвинителството со Жалбата му предлага на судот наместо конфискувана имотна корист во износ од 695.611,оо денари од едно од правните лица, да се конфискува имотна корист во износ од 857.637,00 денари.

-Вишото јавно обвинителство Скопје по целосно разгледување на предметот му предложи на Судот делумно да ја уважи Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Повисокото обвинителство ја прифати жалбата во делот на обвинети кои се осудени како соизвршители, со оглед на тоа што без нивните дејствија не би можело да се исполнат обележјата на кривичното дело што им се става на товар на обвинетите , ниту пак превозниците би прибавиле противправна имотна корист. Жалбата е прифатена и во делот на изречената казна под законскиот минимум за дел од превозниците. Исто така Вишото јавно обвинителство Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во делот на конфискуваната имотна корист, сметајќи дека во пресудата износот на конфискуваната имотна корист треба да биде 857.637,00 денари, се посочува во соопштението.

Вишото јавно обвинителство Скопје не ги прифати поднесените жалбени наводи на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои се однесуваа на барање за зголемување на висината на изречените казни ефективен затвор на останатите обвинети.

Поврзани новости