449
Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него, предупредуваат од Центарот за управување со кризи.
-Во неколку наврати побаравме интервенција од надлежните институции, но опа сноста сѐ уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават каква било опа сност на бројот 112. За нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. Сејфти фрст, изјави Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.