537
Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот Зика во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град.
Овој вирус за првпат е откриен во 1947-ма година, а го пренесуваат комарците и достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година.
Тогаш илјадници бебиња беа родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебиња да се раѓаат со ненормално мали глави и неразвиен мозок.