Вирусот дојде и во Росоман, три нови случаи во Тиквешијата

by Fokus

Корона вирусот за првпат е регистриран и во Росоман, Кавадарци. Станува збор за лице на возраст од 31 година, земјоделец, кој не знае како се инфицирал. Откако пројавил симптоми, побарал тестирање, а резултатот бил позитивен.

Исто така, во Кавадарци денес е регистрирано како позитивно уште едно медицинско лице. Се работи за медицинска сестра на возраст од 57 години, која веќе била во изолација, бидејќи претходно имала контакт со здравствен работник, кој е позитивен на Ковид-19.

Третиот случај, регистриран денес во Кавадарци е старец на 80-годишна возраст. Како што информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци, тој имал хронични болести, поради кои имал контакти со медицински лица. Како точно се инфицирал, засега нема информација.

-Сите пациенти се со благи симптоми, на домашно лекување. Апелираме да се почитуваат мерките за заштита од вирусот, ова не е игра – порачаа од центарот.

Со новорегистрираните пациенти, во Кавадарци има осум активни случаи на корона вирус.

Вики Клинчарова

Поврзани новости