Вирусот брзо се шири и во Крушево, заразените се од семејни кластери

by Fokus

Ако пред еден месец во Крушево немаше ниту еден заразен од корона вирус, до денеска се регистрирани 55 случаи на Ковид-19 во оваа општина. Во градот се регистрирани 51 случај, додека пак четири лица се од околните селски населби.

ЦЈЗ Прилеп информира дека вирусот се шири брзо и во овој град, а заразените лица потекнуваат од помали семејни кластери.

Во моментов активни се 49 случаи, додека пак три лица овој месец ја изгубија битката со корона вирусот.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости