Популарниот босански музичар Дино Мерлин го распродаде својот предновогодишен концерт во Скопје, и веќе закажал уште еден.
Имено, првиот концерт ќе се одржи на 27-ми декември во Арена Борис Трајковски, а влезниците за кратко време се распродале. Токму поради тоа, закажан е и втор концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 28-ми декември.
Влезниците се пуштени во продажба по цени од 1.550 денари, 2.500 денари, 2.800, 3.100, до 4.350 денари.
ВИП барските маси пак изнесуваат 27.900 денари, а со оглед на својата голема популарност, музичарот без проблем ги полни концертните сали, каде и да настапува.
По концертите во Скопје, Мерлин кој важи за најплатен пејач во регионот, заминува во Дубровник. Тој ќе пее за новогодишниот дочек во тамошниот хотелски комплекс Риксос Премиум, а влезниците во кои се вклучени две ноќевања за две лица се продаваат од 1.395 до 1.950 евра.
Последен пат гостуваше во Скопје за новогодишниот дочек на плоштад во 2020 година.
Вики Клинчарова