Виното е дар од Бога, им порача Папата на винарите

by Fokus

Папата Франциско изјави дека виното е „дар од Бога“ и „вистински извор на радост“. Тие зборови веднаш биле прифатени од италијанските производители на вино, пренесува „Гардијан“.

Ова Папата го изјави за време на приватна средба во Ватикан со винарите од цела Италија.

„Знам дека мислиш дека сум пијан“, се пошегува тој, а потоа рече: „Виното, земјата, земјоделските вештини и претприемништвото се дар од Бога. Создателот ни ги доверил затоа што со нашата чувствителност и искреност можеме да ги претвориме во вистински извор на радост“.

Папата исто така ги повика винарите да размислат за „етичките одговорности“ што ги вклучува нивната работа, како што е добро да се однесуваат кон своите вработени и околината и да охрабруваат здрави навики во врска со консумирањето алкохол.

Настанот го организираше бискупот од Верона, Доменико Помпи, пред саемот за вино наречен Винитали, кој се одржува во Верона секој април.

„Клучот за уживање во виното е мерката. Свети Павле рече така. Чашата може да ве расположи, но само ако ја пиете умерено“ рече Помпи.

Поврзани новости