Винисиус за инцидентот со Столе Димитриевски доби два меча суспензија

by Fokus

На средбата Валенсија – Реал Мадрид, во првата шпанска лига, во 75.минута имаше инцидент меѓу македонскиот голман Столе Димитриевски и бразилскиот ас, Винисиус јуниор, кога Бразилецот го удри Македонецот и заработи директен црвен картон.

Денеска е позната казната која ја заработи популарниот Вини од страна на Дисциплинската комисија во Ла Лига – тоа е два меча суспензија, 600 евра за играчот и 700 евра за клубот Реал Мадрид.

Бразилецот нема да може да игра на двата меча против Лас Палмас и Ваљадолид, а ќе може да настапи за „кралевите“ игра во Суперкупот.

И на оваа казна, од Реал Мадрид најавија дека ќе се жалат.

Поврзани новости