Винисиус откако не ја доби „Златната топка“ се закани: Ќе го направам тоа 10 пати, тие не се подготвени

by Fokus

Фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри (28) ја освои Златната топка која ја доделува Франс Фудбал, надминувајќи го Винисиус Јуниор од Реал Мадрид.

Не долго по објавувањето, Винисиус се огласи на социјалните мрежи, не криејќи го своето разочарување и фрустрација од исходот.

„Ќе го направам тоа 10 пати ако треба. Тие не се подготвени“, напиша Бразилецот на социјалните мрежи.

Актуелен рекордер е Лионел Меси со осум златни топки, додека Кристијано Роналдо има пет.

За потсетување, одлуката на Франс Фудбал да не ја додели Златната топка на Винисиус Јуниор предизвика бурни реакции во Реал Мадрид. Клубот во знак на незадоволство одлучи да не присуствува на церемонијата во Париз.

Поврзани новости