395
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“.
МВР информира дека на 20.05.2021 во Скопје, пријавениот се сретнал со 58-годишна жена и по претходен договор од неа купил мобилен телефон за 430 евра.
Притоа, тој и дал четири банкноти од по 100 евра и една банкнота од 2.000 денари.
Таа ги однела банкнотите да ги провери во менувачница, каде што и било кажано дека девизите се фалсификат.