Винаријата Имако Вино го редизајнираше производот Мераклиска со нов модерен дизајн во премиум пакување

by Fokus

Винаријата Имако Вино го редизајнираше производот Мераклиска со нов модерен дизајн во премиум пакување.

Жолтата лозова ракија е еден од нашите најомилени традиционални пијалоци, кој заслужува да биде претставен во најдобро светло.

Редизајнираното пакување е со модерен и чист дизајн каде на суптилен начин во фокусот на етикетата е поставена токму виновата лоза. Препознатливиот вкус на ракијата Мераклиска го задржавме, како резултат на добрата прифатеност од голем број на конзуметни од лансирањето досега.

Дестилеријата на винаријата Имако Вино е една од најмодерните дестилерии во регионот и станува збор производство со континуирана дестилација. Во срцето на дестилеријата во 20 метарската кула, се наоѓаат две дестилациони колони направени од бакар и инокс кои овозможуваат контролирана дестилација, запазување на сите параметри согласно стилот на алкохолниот пијалок и добивање на дестилат со висока чистота.

Ракијата Мераклиска зрее во дабови буриња со цел да се заокружи вкусот, ароматниот профил и пивкоста.
Ракијата Мераклиска е достапна во пакувања од 100 мл, 200мл, 500мл и 1л и во специјално подарок пакување со две автентични чаши за ракија.

 

ПР

Поврзани новости