Вилијам и Хари рамо до рамо го придружуваа ковчегот на кралицата

by fokus

Кралското семејство денеска го придружуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата, a принцовите Вилијам и Хари застанаа еден до друг.

Ковчегот со телото на кралицата ја напушти Бакингемската палата, придружуван од кралот Чарлс, неговите браќа Ендру и Едвард, сестрата Ана, како и синовите.

Ковчегот на кралицата ќе стои четири дена во Вестминстерската палата каде милиони луѓе ќе дојдат да се простат од неа.

Еден од највпечатливите и најемотивните моменти од поворката е сликата на браќата Вилијам и Хари.

Вилијам и Хари уште еднаш ги оставија настрана несогласувањата и застанаа рамо до рамо додека ја придружуваа својата сакана баба до Парламентот.

Двајцата браќа чекореа рамо до рамо со тажни лица. Факт е дека оваа сцена ги враќа назад во времето по смртта на нивната мајка Дијана.

Нивните сопруги Меган и Кејт беа разделени, патувајќи во автомобилите позади.

Кејт седеше во автомобилот со кралицата Камила, додека Меган седеше со Софи, грофицата од Сасекс.

Тие две имаа и тажен израз на лицето додека стоеја една до друга во неколку наврати.

 

Поврзани новости